ДАНОЦИ

ДАНОЧНА ОБВРСКА

Во Швајцарија, трошоците за јавните услуги како што се инфраструктура, транспорт, образование, полиција и армија, здравство, социјално осигурување итн. главно се плаќаат од даноците на приватни лица и компании, како и од ДДВ. На овој начин секој придонесува за добро функционирање на јавниот живот.

КАКО СЕ СОБИРААТ ДАНОЦИТЕ?

За да се пресметаат даноците на доход и имот што треба да се платат, швајцарските граѓани и лицата со дозвола за постојан престој Ц, мора да пополнуваат даночна пријава секоја година. Обрасците за даночна пријава ви се испраќаат на почетокот на секоја година. Даночната пријава може да се пополни со помош на бесплатен даночен софтвер и да се поднесе електронски (eFiling) или по пошта. На странските вработени со живеалиште согласно даночниот закон или престој во Швајцарија кои немаат дозвола за населување Ц, ниту се во брак со лице кое има швајцарско државјанство или дозвола за населување Ц, даноците им се одземаат директно од платата (данок од задршка). Тоа се однесува луѓето со годишна дозвола за престој Б, барателите на азил и странските жители што престојуваат на неделна основа. Лицето кое подлежи на оданочување, сепак мора да пополни даночна пријава, доколку подлежи на дополнителна редовна даночна проценка (на пр. ако има остварено приход од најмалку 120.000 франци).

Ако имате какви било прашања, Ве молиме контактирајте ја Вашата локална даночна администрација, советодвен центар или повереник.