Компактната мрежа на социјално осигурување и јавната социјална помош ги штити луѓето кои живеат и работат овде и нивните роднини од економските последици од болести, несреќи, невработеност, инвалидитет и други ризици. Цел е да се спречи сиромаштијата во Швајцарија. Социјалното осигурување е важен камен-темелник на швајцарската политички систем. Фокусот е на личната одговорност и на работата. Социјалнaта сигурност во Швајцарија се заснова на принципот со 3 столба (види графикон) и социјална помош.
Таа претставува основа за Ваша егзистенција доколку Вие или Вашите роднини искусите финансиски тешкотии заради неспособност за работа, невработеност или смрт. Освен тоа, загарантирана е и старосна пензија. Ако се најдете во социјална криза, можете да побарате помош. Може да добиете информации од општината и Службата за социјално осигурување во Шафхаузен.
1 столб
2 столб
3 столб
Државна грижа
Професионална грижа
Приватна грижа
Обезбедување егзистенција
Продолжување на вообичаениот начин на живот
Индивидуален додаток
AHV
Пензиско и семејно осигурување
IV
Инвалидско осигурување
EL
Дополнителни услуги
EO
Прописи за надомест на приход
BVG
Задолжителна професионална грижа
Столб 2б
Незадолжително обезбедување на професионална пензија
Столб 3a
Поврзана пензија
Столб 3б
Слободна пензија
Грижата за старост, смрт и инвалидитет се заснова на три столба:
1 Столб: AHV/IV/EO претставува основно осигурување. Сите луѓе кои живеат и/или работат во Швајцарија се задолжително осигурени.
2 Столб: Во професионалната пензиска шема (пензиски фонд) задолжително се осигуруваат сите вработени над одреден годишен приход.
3 Столб: Приватната грижа е доброволна и се финансира со лични заштеди.
AHV и IV
Најважното социјално осигурување е старосното и семејно осигурувањe (АHV). Во принцип, сите луѓе кои живеат во Швајцарија подлежат на AHV, без разлика дали се од швајцарска или странска националност, дали се вработени или не. Службата за социјално осигурување во Шафхаузен дава информации зa редовната возраст за пензионирање. Можно е предвремено пензионирање, потоа ќе се намали пензијата. Придонесите за инвалидско осигурување (IV) се одбиваат од платата заедно со придонесите за AHV. Во случај на инвалидитет, осигурувањето Ви дава право на поддршка со реинтеграција на пазарот на труд или на пензија. Ако не сте вработен или самовработен, мора да платите придонеси директно во канцеларијата за социјална безбедност.
Плаќање за породилно отсуство
По породувањето, вработените жени имаат право на најмалку 14 недели породилно отсуство. Во тој период, по правило ќе добивате 80% од Вашата плата. За таа цел, мора да сте биле осигурени 9 месеци пред породувањето и да сте работеле најмалку 5 месеци во текот на бременоста. Детални информации може да се добијат од Службата за социјално осигурување.
Татковско породилно отсуство
Вработените татковци имаат право на две недели татковско отсуство (макс. 14 дневници) во првите шест месеци по раѓањето на детето.
Професионално пензиско осигурување BV/пензиски фонд
Вработените во Швајцарија мора да се приклучат на професионалната пензиска шема на нивниот работодавач доколку имаат одреден годишен приход. Придонесот изнесува помеѓу 7% и 18% од годишниот прихо Најмалку половина од овие премии мора да ги плати работодавачот. Самовработените лица не подлежат на овој закон.
Семејни додатоци
Во Швајцарија, вработените, како и самовработените и невработените лица имаат право на семејни додатоци. За деца кои живеат во странство може да се применат намалени стапки. Децата имаат право на детски додаток од првиот ден од месецот на нивното раѓање до крајот на месецот во кој ќе наполнат 16 години За децата што се на обука, додатоците се исплаќаат до завршување на обуката, но најдоцна до навршување на 25 години.
Целта на социјалната помош е да се спречат, олеснат или санираат материјалните и личните тешкотии на луѓето. На социјална помош имате право ако сте во лични кризи, ако немате доволно пари да се издржувате или да го издржувате семејството. Социјална помош добивате само ако сета друга помош и поддршка не е достапна или не е доволна. Целта на социјалната помош е да се осигура дека наскоро ќе можете повторно да се грижите за себе. Социјалната помош не е осигурување, туку поддршка од државата. Во кантонот Шафхаузен, кантонот и општините се заеднички одговорни за регулирање на социјалната помош. Ако имате какви било прашања, Ве молиме во дадени случаи контактирајте ја вашата општина на живеење.