Пристапот до пазарот на труд е правно регулиран и зависи од Вашиот статус на престој. За да најдете работа, се препорачува комбинација од различни методи за барање:
• барање огласи за работа на интернет;
• користење на централната платформа
• испраќање спонтани апликации до фирми;
• контактирајте ги агенциите за посредување при вработување;
• разговарајте со лица од Вашата околина;
• аплицирајте за работа на огласи дадени во весниците;
• пријавете се во регионалниот центар за вработување (RAV).
Во Швајцарија, апликацијата вклучува писмено CV и мотивационо писмо. Исто така, при аплицирање за работа од важност се и референци за работа и потврди за вработување, сертификати за обука и дипломи, кои се приложени во досието. Апликациите често мора да се поднесуваат онлајн.
На интернет може да најдете корисни совети за изготвување на досие за апликација за работа.
Во Швајцарија може да бидат признаени различни странски дипломи и струковни обуки. Во зависност од Вашето образование, контактирајте ги следниве служби:
Во Швајцарија бруто платите се релативно високи, но тоа важи и за трошоците за живот. Не постои минимална плата која важи за сите работни сектори. Сепак, во некои индустрии постојат колективни договари за минимални плати Од платата се одбиваат задолжителни придонеси за старосно и семејно осигурување (AHV), инвалидско осигурување (IV), осигурување во случај на невработеност (ALV) и осигурување од несреќи (UV). Во кантонот Шафхаузен, вработените и работодавачите плаќаат придонес и во кантоналниот социјален фонд. Од годишен приход од околу 20.000 франци се одбиваат дополнителни придонеси за обезбедување на професионална пензиска нега (т.н. втор столб) како додаток на AHV. Севкупно, одбитоците за задолжително социјално осигурување изнесуваат околу 15-20% од приходот.
Секој кој живее во Швајцарија и како вработен ќе изгуби работа има право на бенефиции од осигурување, таканаречени дневни надоместоци, доколку се исполнети неопходните предуслови. Валидна дозвола за престој и најмалку 12 месеци платена работа во последните две години пред регистрацијата се главните услови за исплата на дневните надоместоци. Ако не можете повторно да најдете работа веднаш по завршувањето на работниот однос, треба веднаш да се регистрирате во Регионалниот центар за вработување (RAV) - во најдобар случај за време на отказниот период. Таму ќе добиете информации за следните чекори што треба да ги преземете.
Швајцарија е позната по нејзините добри услови за работа. Сепак, тие се регулирани различно во зависност од професијата и браншата. Однапред информирајте се за важечките работни услови. Со договорот за вработување се уредува видот на работата што треба да се изврши, работното време, пробниот период, отказниот рок, годишниот одмор, платата, професионалната одговорност и пензискиот фонд. Во одредени сектори постојат колективни договори за вработување (GAV). GAV е писмен договор помеѓу еден или повеќе работодавачи или нивните професионални здруженија и синдикати. Истиот содржи одредби за односот меѓу работодавачите и вработените, како и за одредбите наменети за договорните страни на GAV.
Законот ги штити вработените од отпуштање во случај на болест, несреќа, бременост или мајчинство. Раскинување на работен однос во овој период е по правило неважечко. Меѓутоа, во случај на неправедно отпуштање од други причини, работникот не мора повторно да се врати на работа; Обештетување може да се бара само на суд.
За вработен се смета и некој што е платен за повремена работа во областа хигиена, грижа за деца, домашна работа и градинарство. Тој или таа мора да има дозвола според Законот за имиграција и да биде социјално осигураб (или самиот да се осигура), во спротивно тоа е нелегална работа или работа на црно. Лицето кое работи на црно не е осигурено за случај на инвалидитет, несреќа или невработеност. Последиците можат да бидат драматични. Затоа, во интерес на вработените e да бидат регистрирани.