За да можете да се венчате во Швајцарија, мора да имате наполнето 18 години. Се признаваат само бракови склучени во матична служба. Во кантонот Шафхаузен, Службата за матична евиденција на градот Шафхаузен е одговорна за сите области поврзани со склучување брак и признавање на раѓања и смртни случаи. Ве информира за условите што мора да се исполнат за склучување брак и документите потребни за тоа. Во Швајцарија може да се венчаат и лица од ист пол.
Во Швајцарија се можни и легитимни различни форми на животна заедница. Многу парови живеат заедно невенчани (конкубинат) и имаат заеднички деца. Овие парови имаат можност да склучат договор за конкубинат. Тој може да биде заверено кај нотар и да се регулира, на пример, старателството и издржувањето на децата, што му припаѓа кому или како ќе се делат трошоците за домаќинството.
Развод може заеднички да побараат и двајцата сопружници или само еден брачен другар. Надлежноста за тоа ја има Семејниот суд на округот. Браковите склучени во странство може да се разведат и според швајцарскиот закон. За да го направите ова, мора да го имате постојано живеалиште во Швајцарија и да живеете тука најмалку една година. Дали странците можат да го задржат правото на престој по разводот, зависи од различни фактори. За информации во врска со разводот, можете да контактирате со Советувалиште за брак и семејство или Центар за правни прашања.
Во Швајцарија имате право слободно да го изберете Вашиот партнер/-ка. Затоа, семејствата или други луѓе немаат право да ги принудуваат жените или мажите да стапат во брак против нивна волја. Принудата ги крши основните човекови права и швајцарскиот федерален устав и е казнива. Бракот што бил склучен под принуда, може да се прогласи и за неважечки од страна на властите, без разлика дали е склучен во земјата или во странство.
Семејното насилство не е дозволено во Швајцарија и истото кривично се гони. Семејното насилство се однесува на физичко, психичко или сексуално насилство во семејството или во моментална или прекината врска. Жртвите на семејно насилство добиваат поддршка и советување - од психичко справување со искуството на насилство, преку разјаснување на правните прашања и посредување при итно сместување. Луѓето кои вршат насилство и се склони кон насилство се поддржани во развивањето нови опции за справување со истото, со цел да се стави крај на насилството или воопшто да не се применува.