Швајцарија, а со тоа и кантонот Шафхаузен, ја вреднуваат слободата, правата и обврските на секој поединец. Основата за добар соживот е меѓусебното почитување и толеранција како и препознавањето на истите основни вредности.
Основните права се вградени во Уставот на Конфедерацијата и во Уставот на кантонот. Сите жители на Швајцарија, вклучително и странците, ги имаат следните права:
Еднаквост според закон
Државата мора сите да ги третира еднакво. Тоа значи дека никој не треба да биде обесправен, без разлика на неговиот пол или возраст, потекло, раса, јазик, религија, социјален статус, светоглед, начин на живот или оштетување.
Рамноправност
Мажите и жените имаат еднакви права во семејството, образованието и работата. Мажите и жените имаат право на еднаква плата за работа со еднаква вредност.
Право на живот и лична слобода
Секој човек има право на живот. Смртната казна е забранета. Секој има право на лична слобода.
Тоа значи дека никој не смее да биде повреден и секој може слободно да се движи.
Право на брак
Секој кој има над 18 години смее да стапи во брак.
Слобода на вероиспосповест
Секој човек е слободен да избере и да ја практикува својата религија. Никој не смее да биде принуден да пристапи или да припаѓа на верска заедница.
Верски заедници признаени со јавното право:
Во кантонот Шафхаузен има три верски заедници, кои се признаени според јавното право. Тоа се евангелистите-реформисти, римокатолиците и католичката регионална црква. Од една страна, ова јавно-правно признавање произлегува од одредени права како црковниот данок, а од друга страна, признавањето е поврзано со признавањето на верските слободи, почитувањето на човековите права и финансиската транспарентност.
Верски заедници во Шафхаузен: Покрај трите регионални цркви, постојат различни други верски заедници: тие вклучуваат еврејски, муслимански, будистички и хинду заедници, Бахаи и други. Претставници од различни верски заедници редовно се состануваа од 2006 година заради меѓурелигиски дијалог и во работната група на христијанските цркви во Шафхаузен.
Слобода на мислење
Секој човек е слободен да формира свое мислење и слободно да го изразува во рамките на законот. Овие права може да бидат ограничени од државата под одредени околности. За таа цел е потребна законска основа. Ако сметате дека Вашите лични права се загрозени, во зависност од прашањето, на располагање Ви стои советoдавна или правна помош.
Обврски: Задолжителен воен рок и задолжително гласање
Покрај основните права, постојат и обврски за швајцарските граѓани. Швајцарија, со својата милициска армија, има општо задолжителен воен рок. Истиот ги вклучува сите швајцарски мажи.
Кантонот Шафхаузен има уште една посебна обврска. Тука сите граѓани се должни да гласаат на избори и референдуми.