РАЗНОВИДНА ШВАЈЦАРИЈА

СТРУКТУРА НА ШВАЈЦАРИЈА

Швајцарија е мала земја составена од четири различни јазични региони. Во овие области се зборуваат четири официјални државни јазици. Германски, француски, италијански и реторомански.

Во различните региони исто така ќе најдете помалку или повеќе различни начина на живот. Швајцарија е нација што се темели на волјата на народот. Таа не претставува ниту етничка, ниту пак јазична или религиозна единица.

Државната структура на Швајцарија е федеративна и е поделена на три политички нивоа: Федерална влада, кантони и општини. Федералниот устав го формира основниот правен поредок и ги регулира најважните начела на соживотот. Тој ја опишува поделбата на задачите меѓу Федералната влада и кантоните и одговорностите на властите.

ФЕДЕРАЛНА ВЛАДА

Федерална влада е швајцарскиот назив за националната држава. Другиот често користен израз е Конфедерација. Федералната влада е одговорна секаде онаму каде што Федералниот устав ќе ја овласти за тоа. На пример, во федералното законодавство, во надворешната и безбедносната политика или во царинскиот и монетарниот системи. Задачите, што не се експлицитно федерално прашање, спаѓаат во надлежност на следното пониско ниво: она на кантоните.

КАНТОНИ

Швајцарија се состои од вкупно 26 кантони. Кантоните, честопати нарекувани и имоти, се оригиналните држави што се собраа за да формираат Федерална влада во 1848 година. Секој кантон има свој устав, парламент, влада и судови.

ОПШТИНИ

Како и сите кантони, така и кантонот Шафхаузен е поделен на општини. Околу една петтина од општините имаат свој парламент. Тука народот само за важни прашања може директно да одлучува преку факултативен или задолжителен референдум. Четири петтини од општините во Шафхаузен се организирани директно демократски. Одлуките тука се носат на Собранието на општината. Општините по налог на Федералната влада и на кантонот водат регистар на населението. Тие одлучуваат и за училиштата и за социјалните прашања, снабдувањето со енергија, изградбата на патишта и локалното планирање или локалните даноци. Секој кантон го одредува степенот на автономија на општината. Оттука, истата поприлично се разликува меѓу кантоните.