РАЗБИРАЊЕ И ИНТЕГРАЦИЈА

ИНТЕГРАЦИОНА ПОЛИТИКА И СОВЕТУВАЊЕ

Во 2003 година, владиниот совет на кантонот Шафхаузен и градскиот совет на Шафхаузен усвоија упатства за кохерентна политика за интеграција во кантонот. Насоките покажуваат како пристапот до секојдневниот професионален, социјален, културен, јазичен и политички живот може да се подобри за мигрантското население. Затоа, кантонот и градот Шафхаузен се активно посветени на зајакнување на интеграцијата и соживотот во регионот Шафхаузен.

Integres е интегративен центар за регионот Шафхаузен. Тука се советуваат поединци, но и компании, власти и институции доколку имаат барања или прашања во врска со интеграцијата и миграцијата.

КРИТЕРИУМИ ЗА ИНТЕГРАЦИЈА

Законот за странци и интеграција (AIG) ги дефинира критериумите за интеграција и има за цел да ја промовира интеграцијата на странци преку избегнување на пречки при интеграцијата. Истовремено, тој изискува задолжителна лична одговорност за интеграција. Важи принципот: Колку повеќе права добиваат луѓето со странско државјанство, толку подобра треба да биде интеграцијата. Тоа значи дека особено јазичните вештини особено се тесно поврзани со статусот на престојот. Во Законот за странци и интеграција (AIG) се содржани следните интеграциони критериуми:

• Усвојување на јазични вештини

• Почитување на јавната безбедност и ред

• Почитување нa Федералниот устав и неговите вредности

• Учество во економскиот живот или во стекнувањето на образование

Доколку не се исполнети критериумите за интеграција, дозволата за престој не може да се продолжи или отповика. Дозволата за населување, исто така, може да се отповика или да се сведе на дозвола за престој. Обединувањето на семејството, исто така, може да се одбие или да се отфрлат барањата за прием во државјанство.

ГЕРМАНСКИОТ КАКО ЗАЕДНИЧКИ ЈАЗИК

Швајцарија е повеќејазична земја. Добра функционална комуникација е клучот за интеграцијата. Да се комуницира значи да се разбере и да се биде разбран. Заедничкиот јазик го формира фундаментот за тоа. Во кантонот Шафхаузен се зборува германски јазик. Официјален јазик е германскиот литературен јазик. Во секојдневниот јазик често се користи швајцарскиот германски дијалект. Разбирањето и зборувањето германски е предуслов за комуникација во секојдневниот живот и во професионалниот свет. Заедничкиот јазик претставува важна основа за заеднички живот.

УЧЕЊЕ ГЕРМАНСКИ

Во регионот Шафхаузен има бројни курсеви по германски јазик.
Понудата е широка. Покрај вообичаените курсеви по германски јазик, има и такви за мајки со згрижување деца, за тинејџери и млади со можности за обука или понуди за деца и други групи. Instegres ќе Ве советува за избор на вистинската понуда.

ДОКАЗИ И СЕРТИФИКАТИ ЗА ПОЗНАВАЊЕ ЈАЗИК

Во Швајцарија, добивањето на различни дозволи за престој бара соодветни јазични вештини. Може да се дефинираат и јазичните вештини потребни за обука и понатамошно образование или професионални активности. Истите мора да се докажат со помош на сертификат за познавање јазик.

Леток за ова може да се најде на веб-страницата на Integres.

ИНТЕРКУЛТУРНО РАЗБИРАЊЕ

Заедничкиот разговор е одлучувачки предуслов за добра соработка. Интеркултурното толкување претставува нешто повеќе од буквален превод. Тоа, и покрај различното потекло и култура, овозможува разбирање за вредностите и за сопственото гледиште за одредена ситуација. Безбедноста, добиена како резултат на тоа, го проширува опсегот на дејствување за сите вклучени и го олеснува развивањето решенија засновани на партнерство. Специјалното одделение Дерман обезбедува преведување, телефонско толкување, придружба и преведувачки услуги и професионално ги придружува ангажманите. Специјалистичкoто одделение може да се контактира по телефон од понеделник до петок за време на работното време или преку е-пошта и формулар за нарачка на веб-страницата. Надвор од работното време, телефонската служба за преведување на Организацијата за азил Цирих (aoz) обезбедува професионални преведувачи на над 50 јазици, 24 часа дневно, 365 дена во годината во рок од неколку минути.

ИНФОРМАЦИЈАТА ГО ОЛЕСНУВААТ РАЗБИРАЊЕТО

На интернет или во медиумите можете да најдете многу информации за кантонот Шафхаузен. Особено локалните весници Ви даваат информации за животот во регионот. Ќе најдете и огласи за работа и станови, совети за манифестации и корисни адреси. Информации за најважните настани во регионот може да се најдат и на веб-страниците на кантонот Шафхаузен и општините.

РЕГИОНАЛНИ МЕДИУМИ