ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ!

Срдечно добредојде во кантонот Шафхаузен!

Многу нè радува што се преселивте во нашиот кантон с со отворен дух, а во исто време и кантон со богата традиција.

Кантонот Шафхаузен Ви нуди атрактивни услови за живеење и работа со одлични сообраќајни врски и добри односи со соседните кантони Тургау и Цирих како и со Германија, со кoja граничи.

Сигурни сме дека Вие и Вашето семејство брзо ќе се чувствувате како дома, не само благодарение на недопрениот природен пејзаж, локалната област за рекреација на Рајна, на Ранден и на винскиот регион Клетгау.

Глобализацијата, општествените промени и промените на животната средина нè претставуваат како општество со големи предизвици. Взаемното почитување, толеранцијата и отвореноста кон другите луѓе се важни основни вредности и придонесуваат за културата на добредојде на кантонот Шафхаузен.

Учествувајте во општествениот живот преку културните настани и едукативните понуди. Активната и жива размена меѓу локалното и новодојденото население дава значаен придонес во кантонот Шафхаузен да се чувствувате како дома. Брошурата ќе Ви помогне да се здобието со многу корисни информации за Вашиот нов кантон на живеење и ќе Ви помогне безбедно да пристигнете во Вашето ново место на живеење.

Се надевам дека уживате во истражувањето на кантонот Шафхаузен и Ви посакувам срдечно добредојде во име на Владиниот совет.

Валтер Фогелсангер, владин советник