УЧИЛИШТЕ

ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ ВО КАНТОНОТ ШАФХАУЗЕН

Во кантонот Шафхаузен, децата прво посетуваат основно ниво (две години градинка, шест години основно училиште), а потоа средно ниво I (реалка или средно училиште).

Часовите до и вклучувајќи го средното ниво II се бесплатни. За училишен материјал се плаќа од средно ниво II па натаму.

ЗАДОЛЖИТЕЛНИ УЧИЛИШНИ ДЕНОВИ

Одењето во градинка започнува најрано од четиригодишна возраст. Во градинка посебен акцент се става на разиграното учење, социјалниот контакт и усвојувањето на јазични вештини. Основното училиште започнува од 6-годишна возраст. Основното училиште обично трае шест години. Потоа следи реалка или средно училиште (средно ниво I). Децата со попреченост или посетуваат специјално училиште или се интегрирани во редовното одделение

СОРАБОТКА ПОМЕЃУ УЧИЛИШТЕ И РОДИТЕЛИ

Родителите се првенствено одговорни за воспитувањето и образованието на нивните деца. Тие се должни да ги запишат своите деца на училиште и да се погрижат да се придржуваат до посетувањето на училиште, распоредот и училишните правила. Тие, исто така, треба да се погрижат децата да си ја завршат домашната задача и да им се достапни потребните услови.

Соработката меѓу училиштата и родителите е од централно значење во Швајцарија. Училиштето редовно ги поканува родителите на родителски состаноци и вечери на родители. Вашето учество е важно за да можете добро да ги поддржувате Вашите деца во текот на нивните училишни години и заедно да најдете решенија за училишните проблеми или претстојниот избор на професија.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

Подготвителен степен

Примарно (основно) образование

Секундарно (средно) образование I

Секундарно (средно) образование II

Терцијарното (високо) образование

Детска градинки

Основно училиште

Средно училиште - реалка

Средби училиште (кантонално училиште) Средно учоилиште за применети науки Стручно училиште Стручна матура

Универзитет ЕТH (универитет за технички науки на Швајцарската Конфедерација) Универзитет за применети науки Вишо училиште за применети науки

2 години

6 години

2-3 години

2-4 години

2-6 години

ГЕРМАНСКИОТ КАКО ВТОР ЈАЗИК (DAZ) И ВОВЕДНИ ЧАСОВИ ЗА СТРАНСКИ ЈАЗИК (EFF)

Ако Вашето дете започнува на училиште со мало или без познавање на германски јазик, училиштето нуди различни форми на поддршка. Соодветната мерка ја презема наставникот и одговорниот за германскиот јазик како втор јазик. Прво и основно, децата се интегрираат во редовно одделение и добиваат дополнителни часови по германски јазик. Одредени општини имаат воведни часови за странски говорители (EfF).

НАСТАВА ПО МАЈЧИН ЈАЗИК И КУЛТУРА (HSK)

Доброто познавање на првиот јазик им помага на учениците со странски мајчин јазик да усвојат други јазици. Затоа, разни конзулати и приватни организации нудат курсеви за деца и млади на странски јазик за нивниот мајчин јазик и култура. Повеќето курсеви започнуваат во второ одделение. Одредени фондации нудат и курсеви уште од рано детство. Пријавувањето обично се врши преку јавното училиште. Оценката по мајчин јазик и култура (HSK) може да се внесува во свидетелството за секој семестар.

ПРИВАТНИ УЧИЛИШТА

Во Шафхаузен, некои приватни училишта нудат лекции за алтернативни училишни системи: ВоInternational School of Schaffhausen ISSH се предава според наставната програма на International Baccalaureate Organization (IBO); наставниот јазик е англиски. Waldorfschuleнуди лекции по Waldorf-педагогија. Училиштето во предградието е целодневно училиште за возраст од 1-9 одделение. Здружението Waldläufer во шумата Нојхаус раководи со основно ниво (1 градинка до 2-ро одделение). Во Халау постои тандем-училиште од 1-во до 6-то одделение.