Поголем број од луѓетп во Швајцарија имаат матичен/-на лекар/-ка, кој/-а што претставува прво лице контакт за прашања во врска со Вашето здравје. Во Шафхаузен има две болници: државната кантонална болница и приватната клиника Belair. Упатување во болница најчесто го врши матичниот лекар. Во итни случаи, ординацијата за итни случаи или одделението за итни случаи на кантоналнатаs може да се користи и надвор од работното време.
Во кантонот Шафхаузен, амбулантската итна услуга ја обезбедуваат лекари во самостојна пракса. Во итен случај, за време на редовното работно време на ординацијата може исто така да го контактирате Вашиот матичен лекар. Во случај на нивно отсуство, ќе ги добиете името и телефонскиот број на дежурната ординација. Надвор од работното време, можете да ја контактирате ординацијата за итни случаи во Шафхаузен, која се наоѓа во приемното одделение за итни случаи на Кантоналната болница Шафхаузен. Истото го водат матични лекари во регионот во вечерните часови и цел ден за време на викендите. Одделот за итни случаи во кантоналната болница е отворен деноноќно, 365 дена во годината.
До соодветната итна помош ќе бидете упатени преку контактниот центар на телефонскиот број 052 634 34 00: Ова може да биде дежурната ординација на матичниот лекар во текот на денот, ординацијата за итни случаи или одделението за итни случаи. Во итни случаи опасни по живот, јавете се на 144.
Центар за појаснување и кризни интервенции (Abklärungs- und Kriseninterventionsstelle KiSH)
Центарот за разјаснување и интервенција во кризни ситуации (KiSH) го нуди Психијатриските служби и истиот се наоѓа во Психијатрскиот центар Брејтенау. Истиот овозможува краткорочни амбулантни професионални консултации (во рок од 24 до максимум 48 часа), за да ви помогнат да се справите со кризни ситуации. Тел. 052 634 72 75 (од 17 до 08 часот и за време на викендите: тел. 052 634 34 34.)
Доколку се доселите од странство, мора да склучите полиса за здравствено осигурување и осигурување од незгода во рок од 3 месеци. Ако сте се преселиле од друг кантон, мора да приложите потврда за осигурување во Вашата нова општина на живеење во рок од 30 дена. Друштвата за здравствено осигурување се законски обврзани да Ве вклучат во основното осигурување. Вработените луѓе генерално се осигурени против несреќи. Погрижете се да не сте двојно осигурани. Основното осигурување ги покрива трошоците за лекување на лекарите во општото одделение на сите болници, што се на болничкиот список на кантонот Шафхаузен. Сепак, секогаш треба сами да платите дел од трошоците за лекување (во зависност од франшизата и партиципацијата). Државата доделува намалувања на премиите за осигурени лица, парови и семејства во скромни економски околности. Службата за социјално осигурување на кантонот Шафхаузен ги обработува барањата за намалени премии.
Покрај основното осигурување, секое лице може да земе дополнително осигурување кое покрива дополнителни услуги како болнички престој во приватно одделение.
Со неколку исклучоци, стоматолошките третмани не се вклучени во каталогот на поволности од задолжителното основно осигурување. Затоа, повеќето стоматолошки трошоци ги плаќаат самите пациенти. За деца може да се склучи специјално осигурување за стоматолошка нега.
Во кантонот Шафхаузен, училишната стоматолошка клиника им стои на раполаѓање на сите деца и млади. Училишната стоматолошка амбуланта врши годишни прегледи за деца од градинка и ученици. Прегледот е бесплатен и задолжителен. Сите други услуги што ги нуди училишната стоматолошка амбуланта се субвенционирани од кантонот за да можат да се нудат по поволни услови.
Асистентките за превенција ги посетуваат градинките, основните училишта и училиштата за ориентација и ги учат децата за орална хигиена и правилна исхрана.
Покрај физичките тегоби, хроничните болести или инвалидитетот предизвикуваат многу потешкотии во секојдневниот живот. И постари луѓе се соочени со нови предизвици. Покрај грижата и поддршката дома, постојат различни алтернативни форми на живеење како што се пензионерски и старечки домови, пензионерски заедници итн. Во Шафхаузен има бројни советодавни центри како Pro Senectute или Pro Infirmis, како и услуги за поддршка од Spitex или од Црвениот крст, што може да Ви помогнат во грижата и во справувањето со секојдневниот живот.