Во регионот Шафхаузен нуди повeќекратни можности за пазарење. Намирници, специјализирани продавници, стоковни куќи и трговски центри нудат сè што Вашето срце ќе посака; од секојдневни производи до мода, часовници, мебел и накит. Добро сочуваните центри во стариот град Штајн ам Рајн и Шафхаузен се наоѓаат во пешачки зони и Ве покануваат да се шетате и лежерно да пазарувате. Многу општими одржуваат деловен директориум на нивната веб-страница. Во Pro City може да добиете информации за шопинг во центарот на Шафхаузен.
Работно време
Работното време на продавниците е различно регулирано. Многу продавници се отвораат наутро помеѓу 8:00 и 9:00 часот и затвораат помеѓу 18:30 и 19:00 часот. Некои од поголемите стоковни куќи се отворени подолго.
Цени
Цените на означените стоки се обврзувачки и вклучуваат ДДВ. Плаќањето воглавно се врши во готово, со дебитна картичка, поштенска картичка или со апликацијата за плаќање TWINT. Многу продавници прифаќаат стандардни кредитни картички.
Директно од фарма
На шареноликиот неделен пазар, во продавницата за фарми или на пазарот за фармери може да најдете свежи локални производи.
Неделен пазар во Шафхаузен: Вторник 07:00 - 11:00 часот & сабота од 07:00 до 12:00 часот
Повеќето канцеларии на службите во рамките на кантонот се наоѓаат во градот Шафхаузен. Различните општински и кантонални канцеларии имаат различно работно време. За тоа може да се информирате на веб-страницата на управата на Вашта општина или на веб-страницата на кантонот Шафхаузен.
Поштата ги нуди своите услуги во пошти, поштенски агенции или во помалите општини како домашна услуга. Работното време на истите варира во зависност од локацијата. Најдолго работно време има главната пошта спроти железничката станица Шафхаузен: Понеделник - петок 7:30 - 18:30 часот, сабота 8:00 - 16:00 часот.
Во кантонот Шафхаузен, различни регионални и меѓународни банки имаат една или повеќе филијали. Банките имаа различно работно време. Соодветната филијала на банката со задоволство ќе Ви даде информации.